Револуцијата која ја направи Антонио Конте за само неколку месеци откако седна на менаџерското столче на Челси, го принуди Роман Абрамовиќ да подготви нов, побогат договор за италијанскиот стратег, со цел да ја осигура неговата позиција во клубот.
Тактичката промена на почетокот на октомври минатата година, се покажа како круцијална во трката за шампионатот. По двата порази од Арсенал и Ливерпул, Конте ја смени формацијата која е претпознатлива за неговиот стил, а она што се случи понатаму, никој не го очекуваше покрај конкуренцијата во лигата. Сепак Челси и по 27 кола има 10 бода предност во однос на второпласираниот Тотенхем, па заслугите се делат подеднакво во тимот од Лондон.
Иако Конте пристигна оваа сезона и има договор до 2019 година, рускиот милијардер сака да ги тргне сите шпекулации околу неговата иднина. Пред неколку дена италијанските медиуми го „преселија“ Конте во Интер, но тој не сака ни да слушне за заминување од Челси.
Според новиот договор Конте ќе заработува 8 милиони фунти годишно, што е значително покачување од моменталната плата која изнесува 6.5 милиони фунти по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА