Челси експресно се рехабилитираше од шокантниот пораз во премиерното коло од Барнли, откако актуелниот првак во денешното дерби славеше на гостински терен против вицешампионот Тотенхем со 1-2. Микел Алонсо беше човекот на одлука неочекувано постигнувајќи ги двата погодоци за „сините“ против „спарси“, за кои продолжува да важи „клетвата Вембли“, не успевајќи да триумфираат на овој стадион на кој лани беа експресно елиминирани во ЛШ.
Тотенхем ќе ги игра своите домашни средби на „Вембли“ додека се реновира нивниот „Вајт харт лејн“, но денешниот дуел е лош предзнак за избраниците на Покетино, кои уште еднаш имаа слична ситуација како лани, поголем посед на топка, повеќе шанси, но мораа да го напуштат теренот со наведнати глави.
Челси поведе со слободниот удар на Микел Алонсо, за потоа Тотенхем до крајот на полувреме да доминира, преку Кејн да го погоди и дирекот, но без успех во обидот да се затресе мрежата на Челси. При резултат 0-1 Вилијан во второто полувреме го погоди дирекот за гостите, пред израмнувањето да го донесе Батшуаи, кој со автогол ги шокираше своите соиграчи.
За негова среќа, расположен на спротивната страна беше Микел Алонсо, кој од втората шанса го постигна и својот втор гол, изненадувајќи го Љорис со удар крај првиот дирек.
All Goals & Highlights Tottenham 1-2 Chelsea… by lifeefoot
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА