Шампионски прстени за „триколорите“ – подароци од Погба и од Гризман

Пол Погба и Антоан Гриезман се донаторите на фантастичните сувенири што сите француски репрезентативци ги добија за сеќавање на големиот успех – освојувањето на светската титула на Мундијалот во Русија минатото лето. „Триколорите“ на собирот пред почетокот на квалификациите за ЕВРО 2020 ги дочекале прекрасни подароци – шампионски прстени во стил на оние кои ги добиват шампионите на НБА-лигата.

Гризман ја извршил нарачката од американска компанија од Беверли Хилс, која ги изработила прстените за Голден Стејт вориорс за титулата во 2017 и за бејзбол екипата на Лос Анџелес доџерс истата година.

Пратката со ексклузивните подароци пристигнала во тренинг-базата на „триколорите“ во текот на вчерашниот ден, по што оние кои беа дел од шампионската генерација веднаш ги добија прстените.

 

 

Се вчитува...