Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и легендарниот Андре Агаси го одработеа првиот заеднички тренинг на терените на Ролан Гарос во Париз.Ѓоковиќ и Агаси на тој начин и официјално ја почнаа соработката, а заедничките фотографии на двајцата поранешни најдобри тенисери во светот, сега во улога на играч и на тренер, ги преплавија социјалните мрежи.
Новак Ѓоковиќ по ланскиот триумф на Ролан Гарос се соочи со голем пад и криза во кариерата во која по серијата слаби резултати, ја загуби водечката позиција на АТП листата. Србинот неодамна ја прекина соработката со тренерот Марјан Вајда и со целиот тренерски тим со кој работеше долго време и тргнува во нов почеток под водство на Андре Агаси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА