Шампионскиот карактер ги скрши „соколите“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје е единствениот тим со перфектни 4-0 по првите четири кола во Супер-лигата, откако „металците“ вечерва покажаа шампионски карактер во големото дерби против Карпош соколи. Иако без Катниќ и Синовец, избраниците на Анте Назор собраа сили и блеснаа кога беше најпотребно, па најпрвин го одведоа мечот во продолжение, а потоа и во дополнителните пет минути да го скрши отпорот на незгодниот противник.

Повредите на двајцата стартери значеа и поголема шанса за Македонците, а токму тие беа „факторот за победа“ на ова дерби, Симоновски и Ѓуроски погодуваа кога беше најпотребно и го враќаа МЗТ во живот, додека Младеновски ја забележа клучна блокада на две секунди до крајот.

Анте Назор полека, но сигурно го добива залагањето што од самиот почеток го посакуваше од своите играчи, а МЗТ повторно заличува на шампионски тим. Оваа победа е значајна, но на сите им е јасно дека вистинските предизвици допрва претстојат.

[new_royalslider id=”568″]

Се вчитува...