Формула 1 шампионот Луис Хамилтон и неговиот тим Мерцедес добиваат нов сопственик. Фармацевтската компанија Инеос која е во сопственост на најбогатиот човек во Велика Британија, сер Џим Ретклиф, откупила 70 проценти од акциите на германскиот тим. Договорот наводно е вреден 700 милиони фунти.
Според најавите, директорот на Мерцедес, Тото Волф ќе ги продаде и неговите 30 проценти и ќе добие нова, советничка улога. Информациите доаѓаат од поранешниот прв човек на Ф1, Еди Џордан. Мерцедес и претходно, а и во во моментов упорно стои на позицијата дека нема продажба на управувачкиот пакет.
Компанијата Инеос веќе има спонзорски договор со Мерцедес за сезонава вреден 100 милиони фунти и нејзиното име стои на страничниот дел на болидите. Ретклиф инаку е сопственик на францускиот фубалски клуб Ница и на поранешниот „Тим скај“, но влегувањето во Формула 1 шампионот би бил најголемиот залак во светот на спортот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА