Раководството на Голден Стејт вориорс заврши одлична работа во последните денови обезбедувајќи нов договор за уште еден значаен кошаркар во тимот на Стив Кер. Откако беа договорени условите за нов договор со првата ѕвезда Стеф Кари, денеска беа средени и деталите за новиот тригодишен договор на Андре Игудала, кој ги отфрли сите други понуди решавајќи да остане во таборот на „воините“.
Како што јавуваат американските медиуми, Игудала во следните три години од Голден Стејт ќе добие 48 милиони долари, извонредни услови за играчот кој минатата сезона беше избран за „најдобра резерва во НБА-лигата“.
Голден Стејт покрај Кари и Игудала успеа да го задржи и Шон Ливингстон, кој потпиша тригодишен договор за вкупно 24 милиони евра, како и ветеранот Дејвид Вест, кој веќе го стави својот потпис на новиот едногодишен договор со НБА-шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА