Шампионско издание на Челси, Вест Хем не можеше да ги сопре (ВИДЕО)

На крилата на Николас Џексон, Челси успеа да оствари убедлива победа на гостувањето во Лондон кај Вест Хем. Напаѓачот на „сините“ постигна два гола, а потоа и асистираше за третиот. Конечно, шампионско издание на „сините“ кои можеа да постигнат и уште некој гол и да дојдат до поубедлива победа.

Џексон уште во 4. минута од средбата по асистенција на Санчо, успеа да го совлада Ариола за предност. Истиот играч, овојпат на асистенција на Каиседо, зголеми на 2-0 во 18. минута.

Вест Хем имаше шанса да се врати во мечот, но не успеа, а потоа Палмер на стартот на вториот дел постигна и трет гол со што беше јасно каде ќе замине победата.

Се вчитува...