Шампионското срце никогаш не откажува – Касилјас се врати на тренинзи (ФОТО)

Легендарниот голман Икер Касилјас се врати на тренинзите на Порто по срцевиот удар кој го доживеа на тренинг во мај месец. Порто денеска го има првиот собир пресрет новата сезона, а дел од него беше и Касилјас кој најави дека и покрај здравствените проблеми кои ги имаше нема да стави крај на блескавата кариера.

Касилјас информацијата ја сподели на својот твитер профил на кој напиша

„Назад на работа, прв ден подготовки“.

Првиот собир за новата сезона беше закажан за 8:30 часот, а Касилјас беше пристигнат во тренинг центарот на клубот петнаесет минути порано.

 

Се вчитува...