Шангај Шенхуа му нуди милиони на Ел Шарави

Напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави, би можел да замине во Кина. Тој доби фантастична понуда од кинескиот клуб Шангај Шенхуа кој е подготвен да му исплати 36 милиони евра за тригодишен договор на крилниот играч на „волчицата“ и италијански репрезентативец. Дополнително, Ел Шарави би добил и 4 милиони евра само за потписот на договорот.

Сепак, Ел Шарави има уште една сезона од актуелниот договор со Рома и според италијанските медиуми клубот нема да го пушти без отштета од 20 милиони евра.

Се вчитува...