Сертач Шанли е пред камбек во Турција, пренесуваат тамошните медиуми. Турскиот центар ова лето замина од редовите на Барселона, а сега се наоѓа пред потпис на двогодишна соработка со Фенербахче.
Шанли пред преселбата во Барселона три години ги бранеше боите на Ефес со кој ја освои шампионската титула во Евролигата во 2021 година.
Покрај Ефес во Турција тој настапуваше и за Телеком, Галатасарај, Трабзон и Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА