Со заминувањето на Јирген Клоп од клупата на Ливерпул на крајот на сезоната ќе биде започната и нова ера на „Енфилд“. Сепак истата не загрижува, напротив носи нова доза на сигурност, а со ангажманот на Ричард Хјус за нов спортски директор веќе започнаа фудбалери и сами да му се нудат на славниот клуб.
Последните информации од светот на фудбалот велат дека агентот на Кефрен Турам, синот на легендарниот француски фудбалер, Лилијан Турам го понудил својот фудбалер на Ливерпул и тоа за само 15 милиони евра.
Дваесетитригодишниот играч за врска кој е еден од најдобрите во Ница оваа сезона според популарниот „Трансфермаркт“ вреди 35 милиони евра, а далеку помалата сума за можен трансфер се темели на тоа што неговиот договор со францускиот клуб истекува на крајот на следната сезона и тој е подготвен за посериозен предизвик во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА