Шансите на Македонија за настап на СП во Египет значително се зголемија по информациите за огромен број на заразени во редовите на репрезентацијата на САД.
Американците требаше да бидат претставници на својот континент на собирот во Египет, но веднаш по доаѓањето во африканската држава биле тестирани, а резултатите биле шокантни за нив. Според првичните информации, дури 18 ракометари и членови на стручниот штаб на САД се позитивни на Covid-19, што го прави невозможно нивното учество на СП.
Во наредните часови се очекува официјализација на информацијата за тестирањето на американскиот национален тим, по што веднаш би требало да следи и повик до Македонија, како прва резерва да учествува н СП во Египет.
САД е дел од најтешката група Е на шампионатот, заедно со селекциите на Франција, Норвешка и Австрија.
The American squad for the World Championship has reportedly been hit by covid-19! 18 positive tests. NOT CONFIRMED YET!#Handball https://t.co/KWV4KJgWX1
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

