Шанси имаше, но голови немаше по првиот дел на мечот ТНС – Шкендија

Македонскиот првак Шкендија по првиот дел игра без голови на гостувањето во Освестри, кај тимот на ТНС. Мечот изобилуваше со шанси на двете страни. Ако на почетокот ТНС имаше две опасни ситуации, кон средината на првиот дел Шкендија се закануваше и тоа главно преку Тамба и Вебстер.

Вилсон во 4. минута со глава имаше добра шанса, но не успеа да погоди во рамките на голот. Следуваше прилика за Холден, но неговиот удар беше изблокиран во 10. минута.

Потоа Шкендија со обид преку Тамба, но право во рацете на Шеперд. Убава прилика имаше Адеми кој не ја зафати топката со глава по центаршут на Вебестер. Потоа Вебестер центрираше опасно на петерецот, но одбраната на ТНС реагираше во последен миг. Шанса имаше и Фетаи, но биеше само над голот.

Во миговите кога се очекуваше крајот на првиот дел. Бробел имаше прилика, но голманот на Шкендија Гаје мораше да одбива и да спасува евентуална предност на домашниот тим.

Се вчитува...