Шанси за освојување на Евро – Франција прва, Македонија на дното (ФОТО)

Во пресрет на Европското првенство 2020, специјалната аналитичка платформа ‘Тhe Analyst’ направи анализа на репрезентациите со процентна стапка за освојување на првенството по која најголеми шанси има Франција, а најмали Македонија.

Со оглед на начинот на пласман меѓу најдобрите селекции во Европа преку Лигата на Нации и ранкингот на ФИФА, нашата репрезентација е на дното на листата со само 0,02 процентна шанса. Од Балканот најголема шанса има Хрватска со 1.0%, додека Унгарија се наоѓа при дното со 0.1%.

Убедливо на врвот е Франција со 20.5%, а зад неа во „Топ 5“ следат Белгија со 15.7% и Шпанија со 11.3%, Германија со 9.8% и Португалија со 9.6%.

Се вчитува...