Џејдон Санчо, играчот на Манчестер Јунајтед во изминатата полусезона со успех настапуваше за Борусија Дортмунд, како позајмен од тимот од Олд Трафорд. Тој играше во Дортмунд, и се надеваше дека ќе дојде до тренерска смена во Јунајтед, за да може да ја продолжи својата мисија. Но, наместо тоа, Ерик Тен Хаг доби нов договор, па така за него е јасно дека нема иднина кај „Црвените ѓаволи“.
Заминувањето е реална опција, но германските медиуми пишуваат дека шансите на Санчо да остане во Дортмунд се еднакви на нула. Или подобро кажано дека тимот не планира да потроши толку многу пари за ова засилување, ако се има во предвид дека на крилните позиции веќе ги има Адејеми, Мален и младите Бајно-Гитенс и Дуранвил.
Нури Сахин, новиот тренер на Борусија би сакал да го види Санчо, меѓутоа парите се проблематични, па така извесно е дека Санчо ќе ја продолжи кариерата во некој друг клуб. Тој од Борусија Дортмунд за 80 милиони фунти замина во Манчестер, а сега тимот од Олд Трафорд бара околу 60 за неговите услуги, сума која „милионерите“ нема да ја платат, односно тие нудеа 35, што се далеку од побарувањата од Манчестер.
Претходно Борусија не успеа да го задржи Иан Матсен кој беше позајмен во Челси, а тој замина во Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА