Шаповалов беше блиску до сензација, а тогаш… се разбуди Јаник Синер

Јаник Синер направи уште еден чекор напред кон одбраната на титулата на УС Опен откако италијанскиот тенисер по голема борба го совлада Шаповалов со 3-1 во сетови.

Канадскиот тенисер има за што да жали ако се знае дека поведе со 1-0 во сетови, а потоа при 1-1 во сетови Шаповалов имаше водство од 0-3 и шанса за нов брејк. Синер не само што се спаси во тој гејм, туку освои шест во низа и го доби сетот со 6-3. Бранителот на трофејот потоа импресивно го почна и четвртиот сет со предност од 3-0, трасирајќи со го патот до конечните 6-3.

Следен противник на Синер ќе биде победникот од дуелот меѓу Бублин и Томи Пол.

На женскиот дел од турнирот, Коко Гоф ја совлада Фреч со 6-3, 6-1, додека Наоми Осака по голема борба беше подобра од Касаткина, триумфирајќи со 2-1 во сетови.

Се вчитува...