Руската тенисерка Марија Шарапова, доби покана за настап на турнирот Стенфорд во САД, соопштија организаторите. Турнирот во Стенфорд ќе се одржи од 31 јули до 6 август. Шарапова последен пат играше на овој турнир во 2011 година, а најдобриот резултат го постигна една година претходно кога стигна до финалето.
„Среќна сум што ќе се вратам на Стенфорд. Сакам да им се заблагодарам на организаторите за поканата“ – изјави руската тенисерка.
Шарапова нема да настапи на Вимблдон бидејќи мора да паузира неколку недели поради повреда на ногата. Поранешната најдобра тенисерка во светот, моментно е на 175.место на ВТА листата. По 15 месечната пауза поради употреба на мелдониум, Шарапова во април годинава се врати на тениските терени. По враќањето настапи на турнирите во Штутгарт, Мадрид и во Рим со специјални покани од организаторите. Но, организаторите на Ролан Гарос одбија да и дадат вајлд-карта бидејќи такви покани даваат главно на играчи кои се враќаат после повреди, а Шарапова паузираше поради употреба на допинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА