Шарапова добива специјална покана за Синсинати

Руската тенисерка Марија Шарапова доби специјална покана за учество на ВТА турнирот во Синсинати, соопштија организаторите. Русинката во моментов е на 82. место на ВТА листата, а сезонава одигра само 11 меча во кои забележа седум победи и четири порази.

Поради повредата на рамото Шарапова не играше во периодот од јануари до јуни, а последниот турнир на кој учествуваше беше Вимблдон, каде во првото коло го предаде мечот. Поранешната прва тенисерка во светот турнирот во Синсинати го освои во 2011. година, а последен пат учествуваше во 2014. кога стигна до полуфиналето.

Специјална покана за турнирот доби и Венус Вилијамс.

Се вчитува...