Шарапова го моли Ѓоковиќ да донира за Австралија

Руската тенисерка Марија Шарапова која долго време поради повреда на рамото е надвор од терените и падна на 133. позиција на ВТА листата ја покажа хуманата страна. Таа донираше 25.000 австралиски долари во фондот за помош на жртвите во австралиските пожари и го предизвика бранителот на титулата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ.

„Сакав да почнам со донација од 25.000 долари, Новак Ѓоковиќ, можеш ли да ја надминеш мојата донација?“ – напиша Русинката која од денеска е на турнирот во Бризбејн.

Голем број тенисерки и тенисери донираат за помош од катастрофата што во Австралија ја предизвикаа пожарите кои беснеат уште од септември, а досега одзедоа 24 животи.

 

 

;

Се вчитува...