Руската тенисерка Марија Шарапова го освои првиот турнир по враќањето на тениските терени по речиси двегодишната пауза. Таа славеше на турнирот во Тианјин, откако во финалниот меч ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка со 2-0 во сетови.
Првиот сет Шарапова го доби со 7-5, а во вториот успеа да се врати иако имаше негатива од 1-5 во гемови. На крајот, извлече тај-брејк, и успеа да го освои, за вкупно 36.титула во кариерата, а прва по враќање од суспензијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА