Шарапова ја растури Плишкова, на ред е Серена Вилијамс?

Марија Шарапова се пласираше во осминафиналето од Ролан Гарос откако неочекувано лесно и убедливо ја совлада Каролина Плишкова со 6-2, 6-1, за место во следната рунда каде најверојатно ќе се пресмета со Серена Вилијамс. Мечот траеше само 59 минути, а Шарапова имаше целосна контрола и доминација од почеток до крај, со 18 винер удари во најдобриот меч на Русинката по нејзиното враќање на терените по суспензијата за допинг.

Шарапова, кој е шампионка на Ролан Гарос од 2012 и од 2014 година, во осминафиналето би можела да се сретне со уште една тениска великанка, Серена Вилијамс, која вечерва го игра својот меч од третата рунда проти Германката Гергес.

Својот настап на овој гранслем турнир го заврши уште една чешка тенисерка, Петра Квитова, која загуби со 0-2 во сетови од Контавеит од Естонија.

Се вчитува...