Руската тенисерка Марија Шарапова поради повреда ќе ја пропушти сезоната на трева. Таа нема да настапи на квалификациите за Вимблдон, ниту на останатите турнири на тревната подлога. Очекува да се врати на терените на крајот на јули.
„Деталните лекарски прегледи покажаа дека состојбата со повредениот мускул бара дополнителен одмор и рехабилитација. Поради ова, за жал, ќе ги пропуштам настапите на тревната подлога“, истакна Шарапова.
Таа се повреди на турнирот во Рим. Очигледно дека влијаеше 15-месечната пауза што ја имаше поради суспензија. Беше суспендирана од ИТФ поради користење на недозволени стимулативни средства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА