Марија Шарапова на крајот на април треба да се врати на тениските терени по 15-месечната суспензија поради употреба на допинг. Руската тенисерка открива дека активно ја искористила оваа пауза од професионалниот тенис.
Покрај патувањата и одморите на атрактивни локации, Шарапова вели и дека во овие месеци често уживала во машко друштво. Но, не го пронашла „вистинскиот“ бидејќи, како што открива, се соочила и со еден „сериозен“ проблем.
„Уживав во средбите со различни луѓе од различни средини и професии. Од таа гледна точка, јас сум насекаде во светот. Но, имам еден проблем – мажите се плашат од мене. Ми треба некој кој има сопствено мислење и што се чувствува удобно во својата кожа“ – открива Марија Шарапова.
Атрактивната Русинка пред пред две години беше во љубовна врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а откако се разделија, таа во јавноста ретко се појавува во машко друштво.
Марија Шарапова официјално ќе се врати на теренот на 26 април во првото коло на турнирот во Штутгарт за кој доби специјална покана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА