Шарапова одговори на критиките: Нема да ме сопрете!

По бројните критики што стигнаа на сметка на Марија Шарапова по допинг аферата и нејзиното враќање на тениските терени, руската тенисерка преку социјалните мрежи порача дека никој нема да ја сопре во остварувањето на нејзините соништа.

Атрактивната Русинка пред две години падна на допинг тестот поради употреба на мелдониум и доби 15-месечна суспензија од тениските настапи. Шарапова се врати во „белиот спорт“ минатиот месец на турнирот во Штутгарт за кој доби специјална покана од организаторите. А, токму тоа предизвика и жестоки реакции во тенискиот свет. Другите тенисерки се побунија како може некој кој ги прекршил спортските правила да добива покани за ВТА турнирите, на кои поради слабиот рејтинг, не би имала право да игра.

Еугени Бушард ја нарече Шарапова измамничка, а Маријана Лучиќ Барони ја спореди со Ленс Армстронг и се запраша дали меѓу нив има разлика. Шарапова која е позната по ладниот однос и дистанцата во однос на другите тенисерки, на сите критичари им одговори со порака на својот Твитер профил.

„Никој нема да ме сопре да ги остварам своите соништа, а тие е многу. Знам дека одам по добар пат и тоа ме прави посилна“, напиша Шарапова.

Руската тенисерка која моментно е на 211.место на ВТА листата, нема да настапи на годинешниот Ролан Гарос бидејќи организаторите одбија да и дадат покана.

sarpova

Се вчитува...