Руската тенисерка, Марија Шарапова, по 15 месеци суспензија, се врати во тенисот со победа против Италијанката Роберта Винчи (7-5, 6-3) во 1.коло на турнирот во Штутгарт. Некогаш најдобрата тенисерка во светот, минатата година поради допинг беше суспендираната на две години, но Спортскиот арбитражен суд во Швајцарија одлучи да и ја намали суспнзијата на 15 месеци и од вчера атрактивната Русинка повторно е на теренот.
По првиот првиот меч во Штутгарт, Марија Шарапова изјави дека е пресреќна што повторно игра тенис и што победува.
„Ова е најубавото чувство на светот. Овој момент го чекав со месеци, се чувствував како на почетокот на кариерата“ – истакна 30-годишната Русинка.
Освојувачката на пет гранслем титули, на турнирот во Штутгарт настапи со специјална покана од организаторот, што предизвика серија реакции од нејзините колешки. Една од најгласните во критиките за ваквиот потег на организаторите беше Агњешка Радванска.
„Ваквиот начин на влегување на турнирите треба да им се овозможи на тенисерките кои паднале во ренкингот поради повреди, болест или некоја виша сила, а не за оние кои се враќаат после суспензија поради допинг“ – изјави Радванска која требаше да игра против Шарапова во 2.коло на турнирот, но таа неочекувано на стартот загуби од Русинката Екатерина Макарова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА