Марија Шарапова наскоро треба да се врати на тениските терени. И додека одмара од „белиот спорт“ поради суспензијата, атрактивната руска тенисерка ја одржува формата тренирајќи бокс.
Некогаш најдобрата светска тенисерка и освојувачка на пет гранслем титули, вели дека посебно ужива во овие тренинзи.
„Беше извонредно, замислував дека со ракавиците удирам во одредени луѓе“ – вели 29 годишната Русинка, но не го открива идентитетот на тие „замислени противници“.
Марија Шарапова беше суспендирана лани после настапот на Австралија опен, заради користење на забранетата супстанца мелдониум. На тениските терени се очекува да се врати на турнирот во Штутгарт кој почнува на 26 април.
Руската тенисерка вели дека добро го искористила овој период без тениски настапи. Во овие месеци им се посветила на сите работи што досега и недостасувале поради бројните настапи и професионални обврски.
„Открив дека можам добро да се одморам. Порано не можев да замислам да имам толку слободно време. Имав речиси 12 месеци да размислувам, да читам и да откривам нови работи. Одморав во Хрватска, бев на дочек на Нова Година на Хаваи, бев во Лондон како турист…Никогаш претходно не сум го видела Лондон на ваков начин, кога играм на Вимблдон, не гледам речиси ништо од градот“ – открива Марија Шарапова.
[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/1513126eee8d31d2149326139ddb9c11.mp4″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА