Хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ по девет години поминати во НБА лигата се очекува ова лето да се врати назад во Европа и повторно да биде дел од АБА и Евролигата, настапувајќи за новата сензација во светот на кошарката, екипата на Дубаи која гради пеколно силен состав.
Триесетиедногодишниот крилен центар минатата сезона ја помина во Денвер, а и покрај тоа што го продолжи договорот на дополнителна сезона веднаш беше трејдуван во Сакраменто во размена за Јонас Валанчиунас. Кингс не се воодушевени од формата на Хрватот и не го гледаат како големо засилување за новата сезона па се очекува договорот да му биде раскинат.
Шариќ е дел од најсилното кошаркарско првенство од 2016 година, но не успеа да се задржи долго на едно место и да стане важен дел од франшизата. Во текот на кариерата настапуваше и за Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома и Голден Стејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

