Денвер Нагерс во новата сезона ќе има и нов балкански двоец под обрачите откако како слободен играч клубот од Колорадо го засили хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ кој потпиша двогодишен договор вреден пет милиони долари.
Хрватот не го криеше задоволството од тоа што ќе игра заедно со, како што вели тој самиот, големиот пријател Никола Јокиќ.
„Ќе играм со Јокиќ кој е неверојатен. Тоа е вистинско задоволство за мене. Тој ја гледа целата игра. Гледавме како стана МВП. Гледавме како НБА МВП постанува човек кој има сличен развој како сите момци кои доаѓаат од нашиот регион. Тоа е неверојатно. Мило ми е за него. Мило ми е за сите момци кои можат да дојдат во САД и да живеат од кошарка“, вели Шариќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА