Работнички добива ново име во своите редови. Станува збор за левокрилниот фудбалер Никола Шаркоски, кој пред неколку дена го раскина договорот со Академија Пандев, и во моментов е без ангажман.
Шаркоски беше поврзуван и со Тиквеш, но на крајот се реши да се врати во таборот на „романтичарите“. Тој од 2018 до 2021 година беше дел од Работнички, по што замина во таборот на Академија. Во минатото играше и за Победа.
Работнички денеска го игра натпреварот од Купот против Коњаре. Предводник ќе биде Стојанче Игнатов кој ја презеде тренерската палка после смената на Љупчо Марковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

