Возачот на Ферари, Шарл Леклер сериозно ја разгледува можноста да го напушти италијанскиот тим, пренесува „Corriere Della Serra“.
Иако неговиот договор со „Скудерија“ трае до 2029 година, Леклер има клаузула која му овозможува да ја раскине соработката на почетокот на летото 2026 година. Леклерк се сомнева дека Ферари ќе остане конкурентен по стапувањето на сила на новите правила во Формула 1.
Ферари моментално се наоѓа на второто место во шампионатот за конструктори по девет трки, додека 28-годишниот Леклер е петти во генералниот пласман кај возачите.
Неговиот тимски колега, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон е на шестото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

