Шарлот добива големо засилување за продолжението на НБА сезоната

Шарлот Хорнетс, франшизата со еден од најлошите учиноци на стартот на новата НБА сезона (четири победи и девет порази) добива големо засилување за продолжението од сезоната во името на Брендон Милер.

Бекот кој заработи повреда на рамото по само четири минути игра во вториот натпревар од оваа сезона успешно се рехабилитираше и треба да му се стави на располагање на својот тим веќе во следниот натпревар, пренесуваат НБА инсајдерите во САД.

Милер се мачеше со повреди и минатата сезона па настапи на само 27 натпревари на кои забележа просек од 21.0 поен, 4.9 скокови и 3.6 асистенции.

Се вчитува...