Шарлот во 2021 година добива МЛС клуб

Сонот на Давид Тепер во Шарлот да се игра МЛС фудбал конечно е реализиран. Шарлот доби место во проширената лига, а тоа беше потврдено од комесарот на лигата Дон Гарбер и од водечките луѓе на Шарлот. Тимот во МЛС ќе се натпреварува од 2021, а фудбалери може да доведуваат уште од годинава.

„Мислам дека нашиот град е создаден за овој спорт. Сигурен сум дека ќе имаме голема навивачка база. На градот му се потребни спортски случувања во текот на летото“, изјави сопственикот на клубот Давид Тепер. 

Тепер исто така е сопственик и на НФЛ франшизата на Каролина Пантерс, а Шарлот ќе ги игра своите мечеви на истиот стадион.

Се вчитува...