Шарм, тактика и статус на најдобри во Европа: Почнува Серија А, најнеизвесната лига на Стариот континент

Секако, во Mozzart ќе ги најдете најдобрите квоти.

Преодниот рок не донесе многу насмевки на лицата на италијанските фудбалски фанатици. Финансиската криза ги примора најголемите клубови од Серија А да се откажат од своите најголеми ѕвезди. Интер остана без Ромелу Лукаку, ПСЖ му го украде Ашраф Хакими, а на Милан и Џанлуиџи Донарума, додека пак, бомбастични трансфери скоро и да немаше…

Погледнете ги сите квоти на обложувалницата Mozzart за првото коло во Серија А

 Но, можеби баш и поради тие причини, Серија А следнава сезона лесно би можела да биде најинтересна од големите лиги во Европа. Бидејќи само уште Англичаните имаат колку-толку изедначени екипи. А Италијанците покрај тоа имаат и страшен мотив да покажат дека не случајно на неодамнешното Европско првенство најдобро ја тркалаа топката, туку и дека континенталната круна е само доказ дека во Серија А се крие фудбалска интелигенција која мора да се почитува.

Притоа, никој не знае како тоа ќе изгледа, бидејќи скоро сите големи клубови ги променија тренерите. Наместо Антонио Конте – тој не сака да работи без скапи засилувања – Интер го презема Симоне Инзаги. По неуспешниот експеримент со Андреа Пирло, на клупата на Јувентус се враќа Макс Алегри. Жозе Мурињо го запали Вечниот град со доаѓањето во Рома во која го привлече најскапото засилување во Серија А летово – 40.000.000 евра вредниот Тами Абрахам. На другата страна, навивачите на Лацио се надеваат во убавиот фудбал на Маурицио Сари. Наполи со Лучиано Спалети би можел конечно да стане вистински натпреварувачки тим, само Милан продолжи со Стефано Пиоли, а и Аталанта со Жан Пјер Гасперини, а неа никако не би смееле да ја изоставиме од приказната на кандидати за самиот врв, со оглед на играта во последните сезони и прилично сериозниот состав.

Од вредните засилувања, треба секако да се истакне трансферот вреден 35.000.000 евра на Мануел Локатели од Сасуоло во Јувентус, Хакан Чалханоглу им заби нож во грб на навивачите на Милан и прејде во Интер, Росонерите ги доведоа Фикајо Томори и Мајк Мењан, но како и по обичај, Италијанците ќе го почекаат крајот на преодниот рок, па потоа во паника да го претумбаат составот, што по потреба, што од паника.

Што би се рекло: Сѐ е апсолутно отворено и дури кога викендов ќе почнат натпреварите барем малку ќе можеме да осетиме кој колку може.

Сезоната во сабота од 18.30 започнува со дуелот помеѓу бранителот на титулата Интер со Џенова, во кој домаќинот не би смеел да киксне, за што говори и квотата на кец во обложувалниците Mozzart. Во истиот термин ќе ги гледаме и Верона против Сасуоло, додека пак, од 20.45 Аталанта му гостува на Торинo, со двојка во Mozzart вредна 1,70, а Лацио гостува кај Емполи.

На терените во недела, Удинезе без Родриго Де Пол го пречекува Јувентус, па оттука нема простор за оптимизам, па двојката во Mozzart се плаќа 1,55, Наполи е фаворит на колото со квота 1,30 против повратникот во елитното друштво, Венеција. најинтересниот натпревар викендов може да биде оној помеѓу Рома и Фиорентина, која успеа да го убеди Никола Миленковиќ да остане, но чека да види дали Атлетико или Тотенхем ќе им го украдат Душан Влаховиќ со што ќе стане најскапиот Српски играч во историјата на фудбалот. И за крај, Милан на гостување кај Сампдорија со примамлива квота во Mozzart од 2,00.

Тука ќе има сѐ. Фудбалски шарм, многу тактика, уште повеќе гестикулации со рацете. Но, ќе биде и сериозно добар фудбал. И за разлика од најголемиот дел од лигите во Европа, ќе трае од август до мај. Бидејќи, иако Јувентус е за нијанса помоќен од другите, тука нема изразити фаворити.

Јуве во обложувалницата Mozzart е позициониран најдобро со квота 1,85 дека ќе биде шампион на Италија, но едноцифрени се и Интер (5,00) и Аталанта (6,00). Не се далеку ниту Наполи, Милан, Рома…

 

Се вчитува...