Селекцијата на Полска е последниот, 24-ти патник на Европското првенство во Германија. Вечерва Полјаците на гостувањето во Кардиф по пенали го совладаа Велс со 5-4, и така обезбедија пласман на ЕВРО 2024. Херој на Полска е голманот Шчесни кој го одбрани клучниот петти пенал, и така ја однесе Полска во Германија.
Исто како и на мечот во Тбилиси, во Кардиф немаше голови ниту во регуларниот дел ниту во продолженијата, па пеналите го дадоа учесникот на идното Европско првенство.
Изведувачите на пенали за Полска беа сигурни во сите пет серии, а во последната за Велс шутираше Даниел Џејмс. Но, неговиот удар го одбрани Шчесни, и така стана херој на својата селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА