Полскиот голман Војчех Шчесни, би можел следната сезона да застане на голот на Монца, пишуваат италијанските медиуми. Откако пропадна можноста да замине во Саудиска Арабија, Полјакот сега е најсериозен кандидат да брани за Монца.
Тој ќе треба да биде замена за Ди Грегорио, кој што е пред трансфер во Јувентус, откако Тиаго Мота инсистира тој да дојде во Торино.
Шчесни летово ја заврши својата седма сезона во дресот на Јувентус, а во минатото беше дел од Рома и од Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА