Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни вели дека нема да го игра бараж мечот против Русија, не може да се преправа дека ништо не се случува.
Полска донесе одлука да не го игра бараж мечот против Русија кој требаше да се игра на 26. март. Со одлуката се сложија и Шведска и Чешка кои се потенцијални противници на Русите. Но УЕФА треба да пресече.
Главните ѕвезди на Полска почнаа и поединечно да се изјаснуваат, прво тоа го направи Левандовски, а сега и Шчесни.
„Мојата сопруга е родена во Украина, во вените на мојот син тече украинска крв, Украина е дел од нашта фамилија, многу од моите работници се Украинци и сите тие се одлични луѓе“, вели Шчесни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА