Сегашниот голман на Барселона, Војчех Шчесни изјави дека немал план да му се врати на фудбалот, туку да се посвети на семејството, и затоа не планирал да ја прифати понудата на Барселона.
Полскиот голман се приклучи на каталонскиот клуб минатата сезона, само неколку недели откако објави крај на кариерата. Веднаш стана прв голман по повредата на Тер Штеген, и ја освои титулата во Ла Лига, а играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Да бидам татко е најважната улога во мојот живот. Не знам колку сум добар во тоа, ќе треба да ја прашате сопругата. Се подготвував да станам татко со полно работно време, да помагам околку куќата, но кога стигна понудата од Барселона, сопругата инсистираше. До денеска не знам дали ова го виде како одлична можност за мене, или едноставно сакаше да ме избрка од куќата. Како и да е, успеа, и јас сум и благодарен“, вели Шчесни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

