Јувентус славеше во големото дерби против Рома со што „старата дама“ се врати на само два бода негатива во однос на Интер, по што повторно на површина излегоа шампионските амбиции на најтрофејниот италијански клуб.
Голманот Војчеш Шчесни и оваа сезона е еден од лидерите на тимот, а полскиот голман по синоќешниот триумф јасно стави до знаење дека Јуве е подготвен за трката со Интер.
„Слободно можам да кажам дека имавме одличен прв дел од сезоната. Собравме 46 бода, така што мораме да бидеме задоволни. Наша цел пред стартот на сезоната беше да обезбедиме место во зоната која води во ЛШ, а сега сме само на два бода зад лидерот Интре. Мораме да сонуваме за скудетото, ние сме Јувентус и не смееме да побегнеме од одговорноста секогаш да атакуваме на најдобри можни резултати. Чудно е што сезонава не играме во европските купови, но тоа ни дава повеќе време да се подготвиме за натпреварите од Серија А.Физички гледано сме максимално подготвени, обединети сме и функционираме како едно. Споредба со Интер? Ми се допаѓа нашата екипа, поседуваме индивидуален квалитет, но главна одлика ни е силниот колектив“, изјави Шчесни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА