Се пензионираше, а потоа се врати и повторно ги облече ракавиците и сега е на прагот да стане најдобриот дебитант во историјата на Барселона.
Војчех Шчесни дебитираше за Барселона на натпреварот против Барбастра во Купот на кралот на почетокот на јануари и оттогаш е незаменлив и непоразен! Точно, Шчесни пропушти еден дуел, со Бетис во Копа дел Реј поради претходно заработениот црвен картон во финалето на шпанскиот Суперкуп во победата над Реал.
Без разлика на тие два настапи на Игнасио Пена, со Полјакот на голот, Барселона има серија од 22 натпревари без пораз. Ако се бројат сите настапи од почетокот на 2025 година, Барса има 19 победи и четири нерешени и ова е најдобриот почеток на една календарска година во историјата на каталонскиот гигант.
Најдобар дебитант во историјата на Барселона е Јохан Кројф, кој стартуваше во 1973 година со 23 натпревари без пораз.
Инаку, Сеск Фабрегас, кој во сезоната 2011/12 беше непоразен 30 меча по ред во дресот на Барселона, и тој ја има најдолгата серија без пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА