Шчесни воодушеви – Барса ќе му понуди нов договор на ветеранот

Војчех Шчесни пристигна како „итно решение“ за Барселона откако потпиша договор до крајот на сезонава, прекинувајќи ја пензијата за да му помогне на каталонскиот гигант по повредата на Тер Штеген. Тој се наметна како првотимец одземајќи му ја улогата на Пења, а последните информации говорат дека Барселона е подготвена да го задржи Полјакот и по завршувањето на оваа сезона.

Актуелниот договор на Шчесни истекува на четири месеци, а каталонците се подготвени да му понудат нов договор за тој да го продолжи престојот на „Камп Ноу“.

„Ако Шчесни е среќен, ние сме подготвени да го задржиме. Тој е дефинитивно една од опциите, бидејќи покажа дека може да даде значаен придонес за нашите резултати. Се уште немаме разговарано, не знам каков е ставот на Шчесни, дали сака да продолжи, но сигурно ќе седнеме да дискутираме на оваа тема наскоро“, изјави спортскиот директор Деко.

Се вчитува...