Новото засилување на Пелистер, египетскиот репрезентативец Мохамед Мамдух Шебиб пристигна во Битола каде и официјално беше претставен како нов ракометар на „зелено-белите“.
Искусниот кружен напаѓач ги сподели и првите импресии и додаде дека едвај чека да заигра пред верните битолски навивачи.
„Во тимот има многу ракометари со кои сакав да играме, има многу легенди, многу ракометари кои играле во големи клубови во Лигата на шампионите и македонски репрезентативци против кои играв во националниот тим. Македонците се слични како нас, сакаат сонце, сакаат слободен свет и баш тоа го затекнав тука. Во Египет имаме одлични навивачи, но така е и овде и едвај чекам да заиграм во Битола и да ја почувствувам атмосферата и поддршката.
Малку е потешка ситуацијата во која се наоѓаме по поразите минатата недела. Ја разбирам, но како играч барам поддршка од сите да излеземе од овој период и да отпочнеме нова победничка серија. Зборував со Карим Хендави, тој е како брат за мене. Зборував и со Калифа Гедбан, Суси, Хосни и ми кажаа дека ќе уживам во ракометот тука“, изјави Шебиб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА