Ограбувањата на домовите на фудбалерите е тренд кој нема да запре во скоро време. Последна жртва на овој вид на организирани криминал беше Серхио Рамос чија куќа беше обиена додека неговите деца беа во неа, а тој на фудбалски натпревар во Лигата на Шампионите.
Еден од криминалците кои се занимаваат со овој вид на грабежи даде интервју за шпанскиот „Ел Еспањол“ каде имаше интересна приказна. Станува збор за водач на албанска мафија под името Алберто на кој Меси му е толку мил што не заслужува да биде ограбен.
„Го ограбивме Карим Бензема, а еднаш се обидовме и да влеземе во домот на Кристијано Роналдо. Влеговме во неговата куќа Мадеира, но пленот кој го најдовме таму не беше примамлив. Пред 11 години бевме во куќата на Јохан Кројф, а не ни знаевме дека е негова. Сфативме каде сме кога ги видовме фотографиите на ѕидовите. Таму собравме околку 20 илјади евра.
Неколку пати запирав луѓе кои сакаа да влезат во куќата на Меси. Нормално, не можам да ги спречам сите такви обиди, но овој пат можев. Многу сум горд на тоа. Можев и јас самиот да го ограбам Меси, имав шанса да упаднам во куќата на неговите родители пред околку година дена, но не го направив тоа од почит кон Меси. Се грижам за него“, изјави Алберто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

