Шеф на трансферите – човекот од сенка кој откри фудбалски таленти вредни 500 милиони фунти

Најбараниот човек во фудбалот е речиси комплено непознат за фудбалската јавност. Португалецот Жозе Кампос во моментов е спортски директор на Лил и му помогна на клубот да се врати во Лигата на шампионите. Она што го прави супермоќен во фудбалот е фактот дека тој е заслужен за откривањето и големите трансфери на некои од најславние имиња. Нему како заслуга му се припишуваат откритијата вредни 500 милиони финти како  Килијан Мбапе, Бернардо Силва, Николас Пепе, Ентони Марсијал, Хамес Родригез, Фабињо.

Со оглед на неговата невројатна псосбност за препознавање таленти, за нго интерес летово имаше од неколку големи европски клубови, но тој порачува дека би си одел од Лил само за некој навистина голем предизвик. Следен чекор на Кампос е скаутингот. Периодот во Реал Мадрид тој развил „Scouting System Pro“, софтвер кој толку детално анализира што ќе ги покажува и реакциите на фудбалерите на социјалните мрежи што ќе биде пак показател за неговата емоционална и ментална стабилност.

Во една сезона следејќи фудбалери, Кампос толку многу патувал што авиокомпанија му дала сертификат за поминати 20 дена во воздух како и за помината дистанца колку од Земјата до Месечината.

 

Се вчитува...