Францускиот ветеран Франк Рибери би можел на залезот од својата каериера да заигра во Премиер – лигата. Новиот премиерлигаш Шефилд Јунајтед се обидува да ја доведе досегашната ѕвезда на Баерн Минхен на инсистирање на менаџерот Крис Вајлдер.
Рибери повеќе од една деценија го носеше дресот на Баерн Минхен, а има понуди да замине во Кина и во МЛС – лигата на САД. Но, интересот од Шефилд Јунајтед можеби и ќе ги промени неговите планови, да го почувствува и вкусот на Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА