Шефилд „прокоцка“ победа против Бормут, Лутон во последните моменти до реми против Кристал Палас (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шефилд јунајтед загубија значајни два бода во борбата за опстанок откако денеска ремизираа на гостувањето кај Бормут (2-2) во меч од 28. коло во англиската Премиер-лига.

Иако гостите имаа водство од 0-2 со погодоците на Хамер во 27. минута и Робинсон во 65. на крајот не успеаја да стигнат до триумф бидејќи домаќините со головите на Оуатара во 74. и Унал во 92. минута успеаја некако да извлечат бод. Мора да се напомене дека при резултат 0-0 во 14. минута Доминик Соланке се посрамот и промаши пенал.

Bournemouth [1]-2 Sheffield United | Dango Ouattara 73’
byu/Chelseatilidie insoccer

Кристал Палас исто така во самиот финиш пропушти голема шанса за победа и одигра само 1-1 против Лутон. Домаќините стигнаа водство од 1-0 со погодокот на Матета уште во 11. минута во мечот, додека конечните 1-1 беа дело на Вудроу во 96. минута. Во последниот дуел од терминот од 16 часот Вулверхемптон славеше над Фулам со 2-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...