Шефилд се посрамоти против Астон Вила, навивачите го напуштаа стадионот уште во 30. минута

Шефилд Јунајтед уште еднаш покажа зошто е главен кандидат за испаѓање од Премиер-лигата откако „фенерџијата“ одигра уште еден катастрофален меч, губејќи на домашен терен од Астон Вила со 0-5.

Фудбалерите на Шефилд доживеаја вистинско фијаско во првиот дел, кога за помалку од половина час игра веќе губеа со 0-4, па домашните навивачи во 30. минута веќе во голем број почнаа да си заминуваат од стадионот. Астон Вила потоа во првата минута од второто полувреме зголеми на 0-5 преку Морено, по што гостите се смилуваа, почнаа рутински да ја контролираат токата и застанаа на „само“ пет постигнати погодоци на овој натпревар.

Во главна улога беше Оли Воткинс, кој постигна еден гол, но имаше и три асистенции на оваа средба. Покрај Воткинс и Морено, меѓу стрелците се запишаа и Мекгин, Бејли и Тилеманс.

Се вчитува...