Македонскиот фудбалски прволигаш Беса Добридол го промовираше своето прво засилување пресрет пролетниот дел од елитното првенство. Во редовите на македонскиот прволигаш дојде реноминираниот напаѓач Шефит Шефити.
Шефити првиот дел од полусезоната го помина во второлигашот Арсими, а претходно настапуваше и за Ренова и Шкендија во македонското првенство, како и за екипата на Приштина од Косово.
Како што претходно беше објавено клубот во продолжението на сезоната ќе го води Бобан Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

