Македонскиот второлигаш Беласица му ја довери функцијата шеф на стручен штаб на искусниот стратег Шефки Арифовски.
Тој ќе го замени Александар Стојанов на клупата на струмичкиот тим.
Повратникот Арифовски има богата фудбалска кариера, како играч, но и како тренер, каде бил предводник на ФК Хорозонт Турново, ФК Слога Југомагнат, ФК Борча Белград, селектор на младински репрезентации на Македонија, ФК Кожуф и др.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА