Хауард Веб , шефот на фудбалските судии кои ја делат правдата во англиската Премиер лига, тврди дека оваа сезона бројот на погрешни проценки од видео помошните судии (ВАР) е намален за 80%.
ВАР се користи во Премиер лигата веќе пет години, но се уште има многу дебати за системот и како се користи. Но, во јуни, клубовите од Премиер лигата гласаа со 19-1 за задржување на ВАР, откако Вулверхемптон Вондерерс започна гласање за негово укинување. Независното истражување нарачано од Премиер лигата покажа дека 80% од навивачите сакаат да го задржат ВАР.
„Ја имаме оваа независна комисија со поранешни играчи и секоја недела ја судат секоја одлука, а според комисијата – која е независна од нас, има само две грешки на ВАР оваа сезона во однос на 10 во исто време минатата година. Знаевме дека системот ќе биде успешен во јасни ситуации“, рече Хауард Веб.
„Просечниот прекин минатата сезона, поради ВАР, беше 70 секунди по натпревар, а годинава е 25 секунди. Тоа е многу подобро. Им реков на судиите, „не размислувајте премногу долго, ако видите ситуација што е очигледна на вашиот екран, тогаш вклучете се, но ако треба премногу да размислувате и да ја анализирате премногу пати, тогаш само кажете ја проверката заврши, и оставете ја одлуката на судијата на теренот“, рече Веб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА